Останати спортови

AO: Синер победи, Рубљов преживеа

AO: Синер победи, Рубљов преживеа

Јаник Синер е еден од тенисерите кои можат да го предизвикаат Новак Ѓоковиќ на Аустралијан Опен, а Италијанецот утринава го започна настапот со победа без загубен сет.

Синер за противник го имаше холандскиот ривал Ботик ван ден Зандшулп и славеше против него со 6:4/7:5/6:3, обезбедувајќи си пласман во втората рунда, каде ќе се сретне со уште еден Холанѓанец, односно Јеспер Де Јонг.

Пласман понатаму обезбеди и Андреј Рубљов, но на многу тежок начин, односно дури по тај-брејк во петтиот сет, кој го доби со резултат 10:6.

Русинот играше против Бразилецот Сејбот Вилд и обезбеди предност од 2:0, но противникот успеа да се врати во мечот и да обезбеди петти сет, кој траеше 53 минути, но на крајот донесе втора рунда за петтиот носител во Мелбурн.

Финалистот од 2018 година, Марин Чилиќ, експресно го заврши настапот на Аустралијан Опен, освојувајќи само еден сет против Унгарецот Марошан, кој триумфираше со 3:1 и го елиминира Хрватот од првиот грен-слем во 2024 година.

To top