Кошарка

ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од најголемите навивачи на КК МЗТ Аеродром (ФОТО)

ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од најголемите навивачи на КК МЗТ Аеродром (ФОТО)

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија објави дека починал Марјан Михајловски човеко кој беше дел од клубот во изминатата деценија.

Михајловски беше еден од најголемите навивачи на клубот и една од легендите на тимот од Аеродром.

„Со голема тага и неверување денеска ја примивме веста за смртта на нашиот Марјан Михајловски (53 години), вработен во клубот, еден од најпрепознатливите навивачи и пред се човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје Аеродром. Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда. Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија. Почивај во мир, наш Мац!“, стои во соопштението од МЗТ.

To top