Кошарка НБА

Шампиоот Денвер поразен, Феникс убедлив против Мајами

Шампиоот Денвер поразен, Феникс убедлив против Мајами

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ не може се сам во тимот на Денвер. Србинот иако одигра одлично, имаше 29 поени, 8 асистенции и 4 скока, сепак во луда завршница и тој и неговиот тим од Колорадо беа поразени од Орландо со 122:120.

Интересно, последниот напад го имаа домаќините, и место Јокиќ да решава тоа го направи Мареј кој промаши и со тоа неговиот тим загуби. Последниот напад може да се погледне на видеото. Сите се прашуваа зошто топката во последниот напад не му беше дадена на Јокиќ.

Индијана – Атланта заврши со неверојатен резултат, и тоа 150:116. Ретко кога се случува една екипа, без продолженија да постигне толку поени и тоа по четвртини 38, 40, 39 и 33. Неверојатно.

На останатите средби беа постигнати следните конечни резултати:

Бостон – Јута 126:97, Бруклин – Оклахома 124:115, Кливленд – Вашингтон 114:90, Филаделфија – Њујорк 92:128, Чикаго – Шарлот 104:91, Хјустон – Минесота 95:122, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95:111, Далас – Портланд 139:103, Феникс – Мајами 113:97, Голден Стејт – Детроит 113:109, ЛА Лејкерс – Мемфис 113:127, Сакраменто – Торонто 135:130.

To top