Кошарка

Филаделфија се спаси од елиминација, победи на Кливленд и Милвоки

Филаделфија се спаси од елиминација, победи на Кливленд и Милвоки

Филаделфија победи во Њујорк по едно продолжение со 112:106 и го намали резултатот во серијата на 2:3.

Тајрис Макси го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ во последните 25 секунди. Бекот на Севентисиксерс, најпрвин погоди тројка под фаул, потоа Џош Харт на спротивната страна реализираше едно слобоно фрлање, а во последните напа Мекси погоди тројка од 10 метри и избори продолжение.

Во продолженијата шокираните играчи на Њујорк немаа никакви шанси. Мекси натпреварот го заврши со 46 поени, пет скока и девет асистенции. Го следеа со по 19 поени Џоел Ембид и Тобајас Херис. Ембид имаше и 16 скокови и 10 асистенции.

На спротивната страна Џејлен Брансон заврши со 40 поени.

Кливленд на свој терен триумфираше над Орландо со резултат 104:103, и така поведе со 3:2 против Орландо во првото коло од плеј=офот на Истокот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Донован Мичел со 28 поени, додека Дариус Гарланд постигна 23. Најдобар во поразениот тим беше Паоло Банкеро со 39 поени. Следниот меч ќе се игра за два дена во Орландо.

Милвоки пред своите навивачи славеше против Индијана со 115:92 и намали на 3:2 во првото коло од плеј-офот на Истокот. Најефикасни во тимот на Милвоки беа Крис Мидлтон и Боби Портис кои постигнаа по 29 поени. За Индијана се истакна Тајрис Халибартон со 16 поени. Индијана е домаќин на следниот натпревар кој ќе се игра утре.

To top