Кошарка шок во сад

НБА кошаркар обвинет за киднапирање и убиство на својата девојка

НБА кошаркар обвинет за киднапирање и убиство на својата девојка

Американскиот кошаркар Ченс Коменчи е главниот осомничен и обвинет за убиството на неговата поранешна девојка, јавуваат американските медиуми.

Шокантните вести ја потресоа целата јавност, а обвинението е покренато откако било пронајдено телото на 23-годишната Марјана Роџерс, која била пријавена за исчезната на шести декември минатата година.

Коменчи бил приведен на распит заедно со неговата сегашна девојка, по што обвинителите изјавиле дека за него следува кривична пријава и неговото прво судско рочиште е веќе закажано за 19 декември. Исчезнатата Роџерс последен пат била видена во Лас Вегас, а потоа ѝ се губи секаква трага.

Полицијата долго трагаше по неа, а телото било пронајдено во една од пустините околу Лас Вегас. Се претпоставува дека таа била киндапирана од кошаркаркот, а потоа и убиена во пустинскиот предел.

To top