Кошарка

Македонија може да има претставник на НБА драфтот!

Македонија може да има претставник на НБА драфтот!

Maкедонскиот кошаркар, Андреј Јакимовски би можел да се обиде да стане вториот кошаркар од Македонија кој играл во НБА.

Имено, Јакимовски на социјалните мрежи најави дека размислува да се пријави на изборот за нови кошаркари во НБА кој е закажан за втората половина на јуни.

„Ќе ги разгледам опциите, а размислувам и да се обидам на НБА драфтот. Во исто време постои и можност да се вратам во Вашингтон Стејт“, стои меѓу другото во соооштението од Јакимовски.

Јакимовски во претходните четири години настапуваше за универзитетот Вашингтон. Во случај да стигне до НБА лигата Јакимовски би бил првиот Македонец кој до најсилната кошаркарска лига во светот стигнал преку драфтот. Ќе потсетиме, досега само Перо Антиќ ја претставувал Македонија во НБА.

To top