Кошарка

Андреј Јакимовски следната сезона ќе го носи дресот на Бафало

Андреј Јакимовски следната сезона ќе го носи дресот на Бафало

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски и во следната сезона ќе игра во НЦАА-лигата, но за друг колеџ.

Иако постоеше шанса да се врати во Европа, што пак ќе беше доста олеснително барем кога стануваше збор за настап во националниот дрес, сепак тоа не се случи.

Јакимовски донесе одлука. По одличната сезона во Вашингтон Стејт каде беше четири години тој преминува во редовите на Универзитетот Колорадо Болдер, поточно за тимот на Бафало.

To top