Кошарка

Јакимовски: Оваа екипа е специјална

Јакимовски: Оваа екипа е специјална

Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски не успеа да ја мине втората рунда во плејофот во НЦАА лигата, поточно на нивниот пат застана универзитот Ајова Стејт кој ги совлада со 67:56.

Првото полувреме мина во изедначена игра и резултат (27:27), меѓутоа по одморот подобар беше составот на Ајова Стејт и со тоа се избори за триумф со кој го продолжува настапот на турнирот.

Македонскиот репрезентативец, Јакимовски реализираше 3 поени со 7 скока и 1 асистенција во овој последен меч во сезоната, но и во НЦАА лигата.

-Оваа екипа е специјална, стекнав пријатели за цел живот, оваа група е најдобра со која досега сум бил. Можете да видите на теренот, поврзани сме, сакаме да се дружиме. Боли затоа што оваа група нема повеќе да биде иста, сезоната е завршена, навистина е тешко, -истакна Јакимовски.

Теми на денот

To top