Познати

ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: На Цеца и довикуваа да му удри шамар на Саша Поповиќ, пејачката се воздржа, а не требаше!

ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: На Цеца и довикуваа да му удри шамар на Саша Поповиќ, пејачката се воздржа, а не требаше!

На музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ често има многу тензии, особено поради гласањето на членовите на жирито.

Често доаѓа до жестоки расправии меѓу нив, а сега во ова шоу се скарале Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ, а сѐ започнало со жалбата на Марија Шерифовиќ за тоа како гласаат Цеца и Вики Миљковиќ.

– Осум години гласам како што мислам, за разлика од многумина овде. Никого не гушкам ниту бакнувам, со сите колеги сум во добри односи. Како што слушам, така гласам – рече Марија, на што веднаш интервенираше Саша:

– Еве го вашиот клан, тоа сите го знаеме, Вики и Цеца – додаде тој, на што Ражнатовиќ збесна, стана од столчето и почна да вика на креативниот директор на „Гранд“.

– Ова навистина нема смисла. Многу е грдо тоа што го кажа сега. На што личи тоа? – беснееше Цеца.

– Удри му шамар – се замеша Вики.

– Ти си првиот што доаѓаш на мојата маса кога има пауза и зборуваш за клановите и кажуваш дека нема смисла како гласаат Цеца и Вики – рече Поповиќ, на што Марија рече:

– Сега лажеш! Но, факт е дека тие постојано гласаат еден за друг.

Ражнатовиќ продолжи да му вика на Поповиќ, па посочи дека и таа, како и сите други, има право да гласа како што сака, без ниту еден од колегите да ја прозива поради нејзините гласови.

– Тука воопшто не коментирам други кланови. Ниту ми е грижа. Како што вели Марија, гласа за кого сака, тоа е нејзино апсолутно право. И мое апсолутно право да гласам за кого сакам. Не гледам дека во овие три години навредив некој кандидат, кажав грд збор или се сопнав со гласови. Мое право е за кого ќе гласам. И никој нема право поради тоа да ме ме прозива на грд начин. Стојам со моето име и презиме во овој формат овде и се покажувам како што сакам да се покажам. Отсега можам да гласам за сите, бидејќи така слушам и тоа е мое право – рече таа.

– Сале, цару, фала му на Бога што предизвика реакција кај Светлана да вика, да се кара, да напаѓа. Тоа Цецо. Тоа го чекав три години – изјави Поповиќ.

– Овде само се бранам од ниски напади. Значи овде секој има право и се брани со своето право, а јас немам право – заврши Цеца.

Најнови вести од Познати

To top