Познати

ФОТО: Принова во семејството на екс сопругот на Емина Јаховиќ – Мустафа пресреќен со сите сподели фотографија од бебето

Мустафа Сандал е пресреќен поради новата принова во семејството.

ФОТО: Принова во семејството на екс сопругот на Емина Јаховиќ – Мустафа пресреќен со сите сподели фотографија од бебето

Пејачката Емина Јаховиќ помина десет години заеднички живот со турската ѕвезда Мустафа Сандал, со кој има два сина. Нивната љубов не ги издржа предизвиците, па во 2018 година следеше развод.

Мустафа во последните неколку години е многу поактивен на мрежите, па често со своите следбеници споделува детали од неговата приватност кои досега не можеле да се видат таму, слики со синовите, од семејниот дом, од патувања, со кучето, а неодамна сподели слика со своето новородено внуче.

Пејачот се пофали дека брат му добил син.

-Берен дојде, добре дојдовте! Станав чичко, напиша поранешниот сопруг на Емина под објавата на која се гледа ногата на неговото внуче.

Instagram / mustafasandal24

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка Мелис Сутшуруп во 2022 година. Пејачот и неговата 19 години помлада избраничка првпат се венчаа во Рим на 3 јуни, а од 10 до 12 јуни имаа гала прослава во луксузен хотел во Мармарис, за што платија околу 200.000 евра.

Instagram / mustafasandal24
Instagram / mustafasandal24
To top