Познати веднаш ќе ја посакате

ЌЕ ВЕ ПОДМЛАДИ НАЈМАЛКУ 10 ГОДИНИ: Фризерот на Кејт Мидлтон откри која фризура и е омилена на принцезата, ќе ја направите уште денес (ВИДЕО)

Овој изглед Кејт го имала на доделувањето на наградата кралица Елизабета за британски дизајн и на премиерата на филмот „Top Gun: Maverick“.

ЌЕ ВЕ ПОДМЛАДИ НАЈМАЛКУ 10 ГОДИНИ: Фризерот на Кејт Мидлтон откри која фризура и е омилена на принцезата, ќе ја направите уште денес (ВИДЕО)

Кејт Мидлтон е позната по елегантните фризури и главно практикува класични форми.

Таа не сака да експериментира, ниту да прави големи промени. Косата секогаш ѝ е совршено исфенирана, со слична должина и евентуално украсена со едноставни детали.

Ричард Ворд, фризерот на Кејт Мидлтон, открил која е омилената фризура на Кејт кога сака малку поразлично да изгледа.

Станува збор за фризура во која косата е строго „залижана“ зад ушите, а наводно оваа фризура има и ефект на подмладување.

Овој изглед Кејт го имала на доделувањето на наградата кралица Елизабета за британски дизајн и на премиерата на филмот „Top Gun: Maverick“.

„Тоа беше свеж и модерен изглед поради кој изгледаше блескаво младолико“, вели Ворд.

Ваквото зачешлување на косата наназад го отвора лицето и ги истакнува неговите црти, а до израз доаѓаат очите.

„Таа е прекрасна во секој случај, но овој стил го зголемува нејзиниот добар изглед и му додава гламур“, додава фризерот.

Ричард Ворд вели дека не е лесно да се направи ваквата фризура иако изгледа едноставно и дека пред сѐ потребно е косата да биде добро негувана низ годините.

To top