Хроника

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Битола

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Битола

На 18.05.2024 во 15.33 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Битола, патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(61) од с.Гнеотино, општина Новаци, удрило во велосипед управуван од В.Г.(54) од Битола.

Во несреќата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

To top