Познати за овој детаљ зборуваат сите

СИГУРНО Е ПРАЗНА, А ВРЕДИ КОЛКУ ЕДЕН ЏИП: Цеца првпат се појави откако стана баба по трет пат, вниманието го привлече нејзината чанта која е хит кај жените (ФОТО)

Фолкерката со џип ја донел нејзиниот возач, а таа видно насмеана се поздравила со насобраните припадници на седмата сила.

СИГУРНО Е ПРАЗНА, А ВРЕДИ КОЛКУ ЕДЕН ЏИП: Цеца првпат се појави откако стана баба по трет пат, вниманието го привлече нејзината чанта која е хит кај жените (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ и ги воодушеви сите со својот стајлинг.

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на сетот насмеана и во интересен стајлинг.

Фолкерката со џип ја донел нејзиниот возач, а таа видно насмеана се поздравила со насобраните припадници на седмата сила.

Цеца овој пат облече долги панталони и речиси проѕирна кошула под која на моменти се гледаше се, а и покрај тоа нејзината чанта „Биркин“ од брендот „Хермес“, чија просечна цена е 15 илјади евра, привлече многу внимание.

Некои од следбениците се пошегуваа дека истата била празна, а чинела колку еден џип.

Да потсетиме, во вторник, на 14 мај, снаата на Цеце Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ го роди својот трет син, кој гордите родители го нарекоа Исаиј.

To top