Познати

РАСТА НЕ МУ ЗАБОРАВИ НА ЃОРГЕ ДАВИД КОГА МУ ЗАБИ НОЖ ВО ГРБ: Дедо ти посакувам и тебе правда по сообраќајната несреќа во која прегази жена во Македонија

РАСТА НЕ МУ ЗАБОРАВИ НА ЃОРГЕ ДАВИД КОГА МУ ЗАБИ НОЖ ВО ГРБ: Дедо ти посакувам и тебе правда по сообраќајната несреќа во која прегази жена во Македонија

Стефан Ѓуриќ Раста јавно се огласи откако Ѓорге Давид направи сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која загина една жена.

Јасно е дека раперот се уште не заборавил на кој начин Давид зборуваше за него во 2020 година кога е уапсен поради поседување марихуана, а во неговиот стан биле пронајдени 800 грама.

-Да, да јас тебе ти посакувам правда. За разлика од тебе, јас никого никогаш не сум повредил, дедо. Но запомни, секогаш се се враќа, напиша Раста.

Тој ова го напиша споделувајќи насловна страница од еден портал на кој пишува дека жената загинала по ударот од автомобилот на Ѓорге Давид, додавајќи дека изразува длабоко сочувство до семејството.

Инаку за потсетување Ѓорге во 2020 година изјавил дека не треба да има правда за Раста како што бараа неговите фанови.

-Не разбирам што значи „правда за Раста“? Која опција на правда? Правда за наркоманите? Правда за проститутките? Правда за дилерите, криминалците, можно е такво нешто?, праша во таа прилика рокерот.

Најнови вести од Познати

To top