Познати

СЕДНАВМЕ ЕДЕН СПРЕМА ДРУГ НА ОВА МЕСТО: Ѓорге Давид откри дека средбата со сопругот на жената која ја усмрти ја споредува раѓањето на своето дете!

СЕДНАВМЕ ЕДЕН СПРЕМА ДРУГ НА ОВА МЕСТО: Ѓорге Давид откри дека средбата со сопругот на жената која ја усмрти ја споредува раѓањето на своето дете!

Музичарот Ѓорге Давид сепак се појавил на снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“ иако се шпекулираше тоа по сообраќајната несреќа која се случи во Македонија во која тој усмрти жена.

Тој за медиумите открил како се чувствува по сето тоа.

-Се подобро и подобро сум, обврските и задачите кои доцнат поради сето тоа што се случи ме ставија сега во турбо моод, тоа е нешто што ми одговара, вели тој.

Додал дека се сретнал и со човекот чија сопруга ја прегазил на автопатот во близина на граничниот премин Табановце.

„Разговорот кој го имав со него е крајно човечки, нормален и татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум, тоа ми е многу важно за да го симнам огромниот терет од своето срце, бидејќи и на него му беше важно да ја слушне приказната од човекот кој седел зад воланот. Мислам дека тоа исчисти дел од некои прашања и облаци во главата на него. Многу ми е важно што човекот е свесен за целата ситуација. Јас во тој момент постапив најдобро што можеше“, вели рокерот.

Давид додава дека не му се јавил лично иако го имал неговиот број, туку тоа го направил неговиот адвокат Виктор кој нашол начин како да дојде до него.

„Седнавме на јавно место, еден кон друг, тоа беше многу емотивен момент кој траеше 45 минути и тоа никогаш нема да го заборавам. До таа мера што ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж и првиот концерт“, вели тој.

На крајот за медиумите открил дека секој 15 во месецот мора да се јавува во судот во Куманово.

Најнови вести од Познати

To top