Познати бизарно

НЕ САКАМ ДОСАДЕН КОВЧЕГ, НЕ СУМ ЈАС ДЕБЕЛ ЦРВ: Карлеуша откри во што сака да биде погребана, ако не го направите тоа ќе ве по*ерат јато врапчиња!

Иако често ја изненадува и шокира јавноста, се чини дека овој пат се надмина себеси. Со оглед на тоа дека ништо не препушта на случајноста и секогаш јасно знае што сака, таа откри каков ковчег сака и како треба да изгледа церемонијата.

НЕ САКАМ ДОСАДЕН КОВЧЕГ, НЕ СУМ ЈАС ДЕБЕЛ ЦРВ: Карлеуша откри во што сака да биде погребана, ако не го направите тоа ќе ве по*ерат јато врапчиња!

Српската пејачка Јелена Карлеуша фигурира на естрадата веќе три децении. Таа со години важи за една од најстилските јавни личности – како во регионот, така и во светот, а неколку пати беше и инспирација за светските ѕвезди.

По долга пауза од 11 години, таа годинава објави два студиски албума, што никогаш не се случило на домашната естрада, а многумина ја нарекуваат и „магионичарка на шоубизот“.

Таа е позната и по остриот јазик и јасните ставови, кои многу често ги објавува јавно на својот инстаграм-профил.

Иако често ја изненадува и шокира јавноста, се чини дека овој пат се надмина себеси. Со оглед на тоа дека ништо не препушта на случајноста и секогаш јасно знае што сака, таа откри каков ковчег сака и како треба да изгледа церемонијата.

„Бидејќи генерално се занимавам со дизајн, отсекогаш сум размислувала – зошто погребниот ковчег мора да изгледа вака? Зошто секогаш истата досадна форма? Зошто копаме гроб во ваква форма? Зошто тој правоаголен момент? Зошто на пример ковчегот не е во облик на срце? Или пеперутка? Круг? Ѕвезди? Кога ќе умрам, сакам да ми направат ковчег во форма на срце!“, напиша карлеуша и додаде:

„Не сум томпус, не сум некој дебел црв… јас сум јас! јас сум сè што е во моето срце, а не во мојот бубрег! Сакам срце! А ако ме за*бете, верувајте, ќе знам! Јато птици ќе ве посе*ат и ќе знаете дека сум јас“, напиша пејачката на инстаграм.

Најнови вести од Познати

To top