Познати

„Не дај Боже да го знаете вистинското лице на Кејт Мидлтон“ – Инсајдер од палатата открива каква е принцезата

Роберт Џобсон, автор на книгата „Дијана: строго чувана тајна“, во неодамнешната статија за Дејли Меил напиша дека еден вработените во дворецот рекол: „И Кејт и Вилијам имаат доста екстремни промени во расположението, исто како и покојната принцеза Дијана“.

„Не дај Боже да го знаете вистинското лице на Кејт Мидлтон“ – Инсајдер од палатата открива каква е принцезата

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, „може да биде ваш најдобар пријател или најголем непријател“, според кралскиот експерт.

Роберт Џобсон, автор на книгата „Дијана: строго чувана тајна“, во неодамнешната статија за Дејли Меил напиша дека еден вработените во дворецот рекол: „И Кејт и Вилијам имаат доста екстремни промени во расположението, исто како и покојната принцеза Дијана“.

Исто така, се тврди дека Вилијам има „извонредно низок праг на толеранција“. „Може да биде малку незгоден кога е во лошо расположение. Понекогаш нивното несогласување резултира со подигнати тонови. Сепак, тие се познаваат толку добро што обично поминува брзо, а таа генерално има смирувачки ефект врз него“, рече Џобсон, врз основа на разговор со близок кралски експерт.

Принцезата од Велс (42) моментално се опоравува во реновирана болница во Мерилебон, Лондон. Минатата недела Кенсингтонската палата објави дека Кејт закажала операција на абдоменот. Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, продолжил да се грижи за децата. Се очекува Кејт да излезе од болница за две недели.

Инаку, истата таа лондонска болница е најголемата приватна болница во Обединетото Кралство и може да лекува во просек 155 различни болести и состојби. Болницата вработува тим од повеќе од 1.000 медицински сестри, клинички и помошен персонал, а поранешните пациенти велат дека прави огромна разлика меѓу неа и другите болници.

Кралската авторка и главна уредничка на магазинот „Majesty“, Ингрид Сејард, за Мирор изјави дека Вилијам „отсекогаш бил брилијантен татко“ и истакна дека редовно и помага на Кејт во воспитувањето и грижата за децата. Таа додаде: „Вилијам можеби не е секогаш наоколу, но ќе се спротивставам на секоја жена што не се согласува дека тој е всушност идеалниот сопруг, особено во ваква ситуација“.

Најнови вести од Познати

To top