Познати

КУМАТА НА ЛЕПА БРЕНА ОДИ ВО ЗАТВОР: Целиот џет-сет ја викаше КРАЛИЦА, тоа е поради она со што се занимавала со години – сега таа и невенчаниот сопруг скапо ќе платат!

КУМАТА НА ЛЕПА БРЕНА ОДИ ВО ЗАТВОР: Целиот џет-сет ја викаше КРАЛИЦА, тоа е поради она со што се занимавала со години – сега таа и невенчаниот сопруг скапо ќе платат!

Татјана Миоковиќ, кумата на Лепа Брена, таканаречената „кралица на естрадната автомобилска мафија“, која беше обвинета од Јавното обвинителство за организиран криминал во Белград дека таа и нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ и уште шестмина обвинети учествувале во трговијата со скапи автомобили што биле украдени во странство, осудена е пред Специјалното одделение на Вишиот суд во Белград на две години и два месеци затвор, како и парична казна од 300.000 динари.

Нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и парична казна од еден милион динари. Како што потврдиле за српски „Курир“ од Јавното обвинителство за организиран криминал, на повеќегодишна затворска казна се осудени и останатите обвинети опфатени во обвинителниот акт.

Татјана Миоковиќ е блиска со бројни естрадни ѕвезди, па се претпоставува дека дел од автомобилите биле продадени на српски пејачи.

Како што објавија медиумите, Татјана порано водела и бутик.

Била блиска со Лепа Брена, Саша Поповиќ, Дара Бубамара, Гоца Божиновска, Ана Бекута и со многу други славни личности во Србија.

„Кралицата на естрадната авто – мафија“ на социјалните мрежи се фалеше со заеднички фотографии од забави, а јавните личности не ги прекинаа контактите со неа по нејзиното апсење, ниту за време на судењето.

По апсењето, таа продолжи да живее нормален живот, патуваше, на социјалните мрежи се фалеше со фотографии од различни егзотични дестинации.

Најнови вести од Познати

To top