Познати

ФРАЕР ПО КОЈ ЛУДУВААТ ДЕВОЈКИТЕ: Синот на Џоле и Весна Џогани израсна во вистински убавец, во телото копија на татко му, во лицето на мајка му (ФОТО)

ФРАЕР ПО КОЈ ЛУДУВААТ ДЕВОЈКИТЕ: Синот на Џоле и Весна Џогани израсна во вистински убавец, во телото копија на татко му, во лицето на мајка му (ФОТО)

Адријано Џогани е синот на Весна и Џоле Џогани кој не сака многу да се експонира на социјалните мрежи, па за таа задача е задолжена гордата мама Весна. Секогаш кога Весна и Џоле ќе го покажат својот наследник, на социјалните мрежи се случува вистински бум, кој се повторува.

Така, Весна и овој пат објави семејни слики од еден ресторан, а тие секако завршија на мрежата Х. Припадничките на понежниот пол воопшто не останаа рамнодушни, а забележуваат дека Адријано прераснува во многу згоден тип. Последен пат го видовме кога со семејството го прослави својот 17 роденден во Будва.

„Го љуби мајка! Моето најубаво око! Се мое прво“, напиша Весна покрај роденденската фотографија со синот.

Да потсетиме, Весна Џогани своевремено призна дека поради синот морала да побара стручна помош.

„Како што Адријано старееше, не можев да се носам со неговиот темперамент, тој не ме слушаше и мислеше дека знае сè подобро. Затоа се обратив до стручно лице за помош и научив да му пристапувам на моето дете поинаку за да најдеме заеднички јазик. Џоле беше поразличен од мене во овој поглед, знаеше да повлече линија и да биде строг кога треба, но и попустлив во иста мерка“ – раскажа своевремено Весна.

Најнови вести од Познати

To top