Познати Го направија (не)очекуваното

Чарлс се обидел празниците да го смират кралското семејство, но одлуката на Хари и Меган го понижи

Семејството празниците ќе ги помине во Норфолк, поточно во Сандрингем, каде покрај кралот, таму со семејството ќе биде и принцот од Велс, Вилијам, како и децата на кралицата Камила.

Чарлс се обидел празниците да го смират кралското семејство, но одлуката на Хари и Меган го понижи

Откако кралот Чарлс наводно ги поканил да дојдат во Сандрингам за Божиќ, Меган и Хари го направија (не)очекуваното.

Принцот Хари и Меган Маркл наводно поминале една недела на таен одмор со нивните две деца Арчи и Лилибет пред божиќните празници. Како што може да се види на CRHoy.com, четиричленото семејство за своето патување ја избрало Костарика, каде што престојувале од 14 до 20 декември.

Локалните медиуми објавија фотографии од семејството во количка за голф.

Семејството изгледаше среќно и опуштено, додека малото девојче седеше во скутот на нејзиниот татко додека возат.

Интересно е тоа што семејството одлучило да отпатува за Костарика во време кога кралот Чарлс III наводно сака Хари и Меган и нивните деца да им се придружат за време на божиќните празници.

Семејството празниците ќе ги помине во Норфолк, поточно во Сандрингем, каде покрај кралот, таму со семејството ќе биде и принцот од Велс, Вилијам, како и децата на кралицата Камила.

Странските медиуми пишуваат дека со одлуката да не го поминат празникот со кралското семејство и покрај поканата, Хари и Меган го понижиле Чарлс.

Останува да видиме дали Хари ќе одговори на повикот и ќе дојде во Сандрингам по Божиќ.

Најнови вести од Познати

To top