Музика ВИДЕО

Ново музичко ремек-дело на Антониа Гиговска: Моќна балада која открива многу за нејзиниот приватен живот!

Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам, всушност не е нова, туку се работи за песна која е создадена во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка…

Ново музичко ремек-дело на Антониа Гиговска: Моќна балада која открива многу за нејзиниот приватен живот!

Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера наполни 23 години и по тој повод својата многубројна публика ја почести со нова песна, но овојпат моќна балада која сигурни сме дека нема да ве остави рамнодушни…

Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам, всушност не е нова, туку се работи за песна која е создадена во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка…

„Мразам што те сакам е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам назад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што после три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја поклонам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден – вели Гиговска…

Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот како што изјави Антониа е на продуцентот Лазар Цветковски.

Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум нашата земја…

Уживајте во „Мразам што те сакам:

To top