Храна и Пијалаци Добар апетит и забавно готвење!

Рецепт за совршен милиброд

Велигден е секогаш одлична пригода за да подготвиме вкусен домашен милиброд.

Рецепт за совршен милиброд

Состојките се мошне едноставни, а постапката лесна и секогаш успешна.
Од оваа доза излегуваат два милиброди, па едниот ќе биде класичен и без полнење, а другиот со џем.

Да стаса на страна

120 мл млеко
1 лажица шеќер
2 лажици брашно
20 г свеж квасец

За тестото

500 г брашно
150 г шеќер
кора од ½ лимон
180 мл млако млеко
100 г путер омекнат
1 пакетче зачин махлепи – може да се подготви милибродот и без овој зачин
2 јајца на собна температура
50 г путер за пред печење
Џем по желба

Најпрво, Во длабок сад ставете ги квасецот, млакото млеко, брашното и шеќерот да стасаат околу 15 минути.
Во друг поголем сад ставете ги брашното, шеќерот, кората од лимон, малкото млеко, омекнатиот путер, зачинот махлепи, јајцата и стасаниот квасец. Замесете меко тесто и оставете го да стаса околу 90-120 минути.

Откако тестото ќе го зголеми својот волумен двојно поделете го на два еднакви делови и секој дел поделете го на три дела.
Едниот милиброд подгответе го празен или додајте суво грозје по желба и сплетете го во плетенка.
Другиот дел од тестото премачкајте го со џем и сплетете го во плетенка.

Оформените милиброди ставете ги во тавче обложено со хартија за печење и оставете да стасаат околу 30 минути.
За тоа време загрејте ја рерната на 180 степени, а пред печење премачкајте ги милибродите со јајца.
Печете околу 30-40 минути, а кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат.

To top