Музика Евровизија 2024

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија

Според обложувалници на интернет, најмногу шанси за победа имаат песните на Швајцарија, Хрватска, Холандија, Италија и Украина.

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија. Клипови од првите проби може да се видат ексклузивно на официјалниот евровизиски профил на ТикТок, а фотографии на официјалната веб-страница на музичкиот натпревар.

Сите 37 песни што ќе учествуваат на натпреварот може да се слушнат и видат на евровизискиот канал на Јутјуб.

Годинава, натпреварот ќе се одржи во Малме, Шведска. На 7 и 9 мај ќе се одржат двете полуфиналиња, а големото финале е на 11. истиот месец.

Во моментов, според обложувалници на интернет, најмногу шанси за победа имаат песните на Швајцарија, Хрватска, Холандија, Италија и Украина.

@eurovision

@TeyaDora is serving Serbian seaside songstress at first rehearsals in Malmö 🇷🇸 #Eurovision2024

♬ original sound – Eurovision

 

Најнови вести од Музика

To top