Занимливости ги нашло во кујната

ВИДЕО: Куче изело 4.000 долари, сопствениците се обиделе да ги залепат

ВИДЕО: Куче изело 4.000 долари, сопствениците се обиделе да ги залепат

Прекрасното куче по име Сесил од Питсбург, Пенсилванија се нашло во голема неволја откако неговите сопственици откриле дека тој распарчил и делумно изел 4.000 долари.

Имено, неговите сопственици тие пари ги издвоиле за реновирање во куќата, но нивниот миленик успеал да ги најде, пренесува CBS Pittsburgh.

Сопственикот Клејтон оставил пари на шанкот во кујната и половина час подоцна го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот. Сопствениците повикале ветеринар, кој ги советувал да го надгледуваат кучето, а кога Сесил почнал да го исфрла она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените банкноти.

За среќа, повеќето од залепените банкноти успеале да ги разменат во банката, но сепак изгубиле околу 450 долари.

Најнови вести од Занимливости

To top