Технологија

Таен код: Дали знаете што значи ако добиете порака „14643“?

Ако примите порака со оваа серија броеви, тогаш барем ќе знаете дека некој особено ве сака.

Таен код: Дали знаете што значи ако добиете порака „14643“?

Неодамна на ВатсАп, луѓето го споделуваат бројот „14643“ – дали знаете што значи тоа?

За почеток, добро е да се нагласи дека ова не е ништо негативно, туку токму спротивното.

Како што е објаснето на социјалната мрежа Тик Ток, зад оваа „шифра“ всушност се крие љубовна порака.

Овие бројки, ја кријат пораката: „Секогаш ќе те сакам“  и укажуваат колку букви има секој збор:

1 = I
4 = will
6 = always
4 = love
3 = you

Често се случува со помош на различни нумерички кодови, младите да сакаат да ја поедностават комуникацијата на социјалните мрежи, и да создадат дигитална средина која има одреден статус.

Ако примите порака со оваа серија броеви, тогаш барем ќе знаете дека некој особено ве сака.

Теми на денот

To top