Македонија

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ЗА РАСКОЛ ВО СДСМ? „Оценката на граѓаните е за претходните седум години и како секој функционер се однесувал и работел“

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ЗА РАСКОЛ ВО СДСМ? „Оценката на граѓаните е за претходните седум години и како секој функционер се однесувал и работел“

СДСМ и Димитар Ковачевски вечерва беа на митинг во Гостивар.

Од таму тој откри нешто што не го зборувал отворено до сега, а се работи за раскол во партијата…

Имено тој во својот говор зборуваше дека во средата на првиот круг од претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака.

Таа порака ја слушнавме, ја прифаќаме одговорноста и свесен сум и јас, но треба да биде свесен секој член на СДСМ, секој функционер кој ја претставувал партијата во изминатите седум години дека е ова оценка за сите. Ова е оценка за однесувањето на сите, ова е оценка за тоа како работеле и ова е оценка за тоа како се однесувале и кон своите соседи и кон своите пријатели и кон пошироката јавност,… Нас ни е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќање на сопствените грешки, истакна Ковачевски.

Изборите на 8 мај, потенцира, ќе бидат многу тешки за сите.

Дали со ова тој потврдува дека веќе расколот во СДСМ е повеќе од јасен останува да видиме…

To top