Технологија TikTok Notes

ТикТок задава удар: Го лансираше својот конкурент на Инстаграм

Засега не е познато кога (и дали) TikTok Notes ќе бидат достапни за корисниците во Европа.

ТикТок задава удар: Го лансираше својот конкурент на Инстаграм

ТикТок постепено почна да обезбедува пристап до сопствената верзија на Инстаграм- апликацијата TikTok Notes. Моментално е достапна само за дел од корисниците во Австралија и Канада, кои ќе имаат можност ограничено да ја тестираат новата апликација.

Бидејќи TikTok Notes сè уште не е достапна во Европа, подетални информации нема, но она што може да се забележи во коментарите на светските интернет страни за, апликацијата потсетува на комбинација на Инстаграм и Пинтерест.

Корисниците на насловната страница на апликацијата ги пречекуваат две категории – „За тебе“ и „Следам“, кои прикажуваат различни објави од други корисници на Notes. Акцентот е ставен на визуелното искуство, па објавите се поделени во две колони каде може да се види фотографијата, корисничкото име и краток текст под фотографијата.

Со кликнување на фотографијата се отвора објава која, доколку не знаете, би рекле дека е објавена на Инстаграм.

Копирањето поединечни опции едни на други не е ништо ново за големите социјални мрежи. Мета со години копира некои од функциите на ТикТок и изгледа дека кинеската компанија сега реши да возврати.

Засега не е познато кога (и дали) TikTok Notes ќе бидат достапни за корисниците во Европа.

To top