Живот и Стил „Ми се гадиш"

ОВИЕ реченици партнерот ви ги кажува со презир, една од нив е најлоша и значи КРАЈ на љубовта

Важно е да се напомене дека презирот не мора секогаш да биде вербален, туку се изразува и преку говорот на телото, како што се драматичните превртувања на очите.

ОВИЕ реченици партнерот ви ги кажува со презир, една од нив е најлоша и значи КРАЈ на љубовта

Психологот од Харвард, Кортни С. Ворен заклучи дека се ближи крајот на љубовната врска кога паровите зборуваат со презир.

Таа изјави во напис за CNBC дека проучувала многу парови во последните две децении.

-Една фраза која изразува презир и која сум ја видела најчесто уништува врски е „Посакувам никогаш да не се сретневме“, рече Ворен.

Таа објаснува дека овој презир произлегува од верувањето на една личност дека нивниот партнер е безвреден или дека нивните ставови не се вредни за разгледување.

Покрај тоа, таа наведе некои други фрази кои укажуваат на презир:

„Ми го уништи животот“

„Не ми е гајле што мислиш или како се чувствуваш“

„Ти си патетичен“

„Не вредиш за моето време“

“Ми должиш. Те трпев со години“

„Да немавме деца, до сега ќе те оставив“

„Ми се гадиш”

„Никој друг не би те посакал“.

Важно е да се напомене дека презирот не мора секогаш да биде вербален, туку се изразува и преку говорот на телото, како што се драматичните превртувања на очите. Сето ова служи за омаловажување на другиот, што на крајот може да ги уништи темелите на здравата врска.

To top