Колумни

Лажниот„ ЧЕ“ и лажната Лапасионарија

Лажниот„ ЧЕ“ и лажната Лапасионарија

Бев долго во размисла дали да му одговорам на оној беден циркузант. Кој на македонската јавност им продава рогови за свеќа, а кој патем наликува на австрискиот победник на песната на евровизија( иако не се знае дали е тој или таа мислам на победникот нашиот херој сеуште се изјаснува како тој).Иако и мене  апсолутно не ме   интересира кој со кого спие.

Главниот мотив  за обраќањето  е  тоа ,што дојдов до констатација дека глупоста е како лавина ,доволно е само неколкупати да ја повторуваш, и да се направи катастрофа.

Впрочем  се изнагледавме  ординарни глупости и тези од типот

„Скопје ќе дише чист алпски воздух“

„Европа не чека со искрена прегратка  да не прими, само да го смениме името“

и што добивме?

Скопје меѓу првите светски градови по загадување на воздухот!

Иако ја свиткавме кичмата и се обезличивме нема абер од примањето во Европската Унија!

А  актуелната власт не остави без пасоши и лични карти, па затворени сме како во кафез.

Но да појдеме со ред:

Истиот лик на гостување на еден подкаст, во смешна декорација( маичка со натпис „маму ви ибам кулачка“).почна да реди тези

Русија и Кина биле најнапредните земји на светот.

Ќе ја решавал корупцијата во Македонија  со агенти провокатори.

и еден куп медиокритетски тези.

Јас заради  респект према читателите за должина на колумната ,сакам да  му одговорам само на овие три тези ( натписот од маичката исто го сметам како теза).

Против кого бре другарче се бунтуваш , глумејки лажен Че Гевара(бидејки милува да биде ословен како другар и заговара револуции)?

Против оние ли што два пати те зафркнаа, еднаш кога ги избркаа твоите родители од работа , а тебе те оставија без егзистенција, а втор пат  кога те излажаа дека ќе ти помогнат само направи Шарена револуција, против оние на кои им се шлепаш „Ѓоа ми ти коалиција“ што викаат кавадарчани.

Кај тебе бе другарче е јасно изразен „Стохолмскиот синдром“, и единствена поука и твоја придобивка е тоа што  „ конуњарите“ те натерале да продаваш со баба ти на пазар, па делимично да го сватиш менталитетот на народецот наш, и да им зборуваш она што сакаат да го чујат по систем „Блази ли се чушките или лути ли се“ и со тоа да се шлепаш во политичкиот живот.

Другар,  треба да носиш маичка „Маму ви ибам Комуњарска“ не да го цитираш Митко С.Апостоловски Кој лично го познавам како прекрасен човек и актер( ми беше сосед во зградата во која живеев во  Куманово, кога работеше во Кумановскиот театар прогнан од Битола од истите оние другари кои ти ги величаш), туку да го цитираш народот кој збори за твоите пријателчиња кои со криминалната приватизација  те оставија тебе без леб тебе  и пола Македонија. И не обезличија како народ менувајки го името , а кои патем  дојдоа на власт благодарејки на тебе и твоите „шарени“

Знам дека не можеш против своите бидејки црвена фарба тешко се покрива, иако те гриже совеста, што си им помогнал при остварување на нивната агенда, па сега глумиш опозиционер.

Како ќе збориш кога другарите на кои им се восхитуваш, онака анархистички стрелаа без судење(нели ти си правник и се залагаш за правна држава) еден куп твои сограѓани, и сега на извршителите влакно не им фали на главата, а зошто ?

Затоа што ги нарекувале Кулаци , а истите стрелачи  биле Вошкари  и боси во тоа главите. Нели се прашуваш :

Што згрешиле тие луѓе?

Дали биле домаќини?

Колку семејства хранеле со нивната работа и со нивните дуќани?

Колку семејства лечеле ?

Нели малце ја употребиш таа твоја искривена имагинација?

Знам дека не можеш, бидејки мислиш дека тој(Сталин) кој од едно  населено место до друго населено место на железничката пруга на секоја бандера обесил по еден човек само затоа  што не го дочекале и поздравиле . Знаеш ли дека  рускиот народ што толку многу го величаш имал повеќе жртви во негово време одколку во втората светска војна .

И другар ти што газеше студенти на плоштадот Тјен Анмен, тебе ти е најнапреден во  почитување на човековите права и развојот на цивилизација.  Се на се Тажно.

Да те прашам?

Малку ли и е на Македонија  работа со агенти провокатори , кои кажуваат кој е подобен , а кој не ,па повторно да ги предлагаш за решавање на корупцијата.

Малку ли и е полни казамати! кои во крајна рамка , ни се урежаа во колективната свест.

Сети се на твојот сограѓанин Панко Брашнаров,  кој благодарејки на слични  провокатори  од тоа време, заврши на Голи Оток и од таму никогаш не се врати.

Бидејки се преставуваш како историчар, не верувам дека не ги знаеш тие факти.

Не ја разбирам твојата желба  за владеење низ терор.

Ако те анализирам веројатно е некој тежок комплекс во прашање. Изгледот  издава .Веројатно локалните малски  мангупи многу те малтретирале  како дете, па  тоа ти се урежало во потствеста.

Твоја  неодолива желба е да се повтори историјата, но историјата понекогаш се повторува како фарса.

Но несреќата никогаш не доаѓа сама.

На Лажниот ЧЕ се налепува лажната Лапасионарија олицетворена во  персоната на професорката Биљана Ванковска која глуми „Мајка на нацијата“ исто како на времето Долорес Ибарури – Лапасионарија.

Кутрата, искрши нозе одејки по конвенции, промоции и слични протоколарни манифестации на голем дел од партиите во Македонија( Социјалистичка Партија на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Невладини Организации и сл.) , се „шина“ пишувајки Колумни за Човекови права и слични теми, само да се наметне, и на некој да му текне па да ја предложи    како Претседателски кандидат.

И ООП! Се налепи,  Никој друг туку Апасиев, Слична ментална матрица, која како главна карктеристика ја содржи нарцисоидноста и самољубноста.

Многу интересно ќе биде  во наредниот период на претседателска кампања, „госпожата“борец за човекови права, ќе треба да ја објасни прифаќањето  на кандидатура од партијата на  „ Дугарот Анархист“ кој се залага за терор или ми ти, „Диктатура на работничката класа“ што е исто толку смешно, јадно и саркастично како онаа фраза што Хитлер што ја истакнувал при уништување на Евреите во концетрационите логори „Работата го ослободува Човекот“.

Вистина , историјата понекогаш се повторува како фарса.

Колумна на Миле Јакимовски

Теми на денот

To top