Свет мнр

Турција ја повика меѓународната заедница да ја признае палестинската држава

Неправедно е што на Палестина не и се дозволува да стане членка на Обединетите нации. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина, рече Фидан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Мавританија Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.

Турција ја повика меѓународната заедница да ја признае палестинската држава

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика денеска меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето за кандидатурата на Палестина за полноправна членка на Обединетите нации и да ја признае палестинската држава, јавува агенцијата Анадолија.

– Неправедно е што на Палестина не и се дозволува да стане членка на Обединетите нации. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина, рече Фидан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Мавританија Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.

Фидан рече дека со Мерзуг разговарале за „тековниот масакр во Газа“ и додаде дека Турција и Мавританија се целосно согласно во однос на Газа.

Напорите на двете нации, како што посочи, ќе продолжат „се додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава со источен Ерусалим како главен град и територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година“.

To top