Свет Кастиљо останува во притвор

Поранешниот претседател се обидел да го распушти Конгресот: Обвинителството бара 34 години затвор

Државното обвинителство на Перу денеска официјално побара казна од 34 години затвор за поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше соборен од власт и уапсен откако се обиде да го распушти Конгресот на крајот на 2022 година.

Поранешниот претседател се обидел да го распушти Конгресот: Обвинителството бара 34 години затвор

Британските медиуми појаснуваат дека тој се обиде да го распушти Конгресот и да владее со декрет, само неколку часа пред Законодавниот дом да го одржи третото гласање за неговото отповикување.

Неговото соборување и апсење, само 17 месеци по изборот на оваа функција, предизвика повеќемесечни смртоносни протести, а потпретседателката Дина Болуарте го замени како нов претседател на Перу.

Кастиљо останува во притвор под обвинение за „бунт“, злоупотреба на власта и нарушување на мирот, пренесуваат британските медиуми.

To top