Свет Ал Џезира

„Затворањето во Израел е криминален чин што ги крши човековите права“

„Мрежата ќе ги користи сите достапни правни канали преку меѓународните правни институции во обид да ги заштити и своите права и правата на новинарите, како и правото на јавноста на информирање. Таргетирање новинари е кривично дело“, нагласува медиумот. 

„Затворањето во Израел е криминален чин што ги крши човековите права“

Иронично, додека светот го прославуваше Светскиот ден на слободата на медиумите, израелската влада ги затвори канцелариите на Ал Џезира, со што на јавноста и оневозможи пристап до нејзината содржина, игнорирајќи ги универзално признатите основи на слободата на изразување, соопшти денеска медиумската мрежа на Ал Џезира.

„Со измамнички и клеветнички потег, израелскиот кабинет, предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, едногласно гласаше за затворање на канцелариите на Ал Џезира во Израел. Тие, исто така, одлучија да ги повлечат акредитациите на екипите, како и да им забранат на давателите на медиумски услуги да ги емитуваат емисиите и да ги блокираат веб-страниците на медиумската мрежа Ал Џезира“, се вели во соопштението.

Медиумската мрежа Ал Џезира „најостро го осудува овој криминален чин кој ги крши човековите права и основното право за пристап до информации“. Ал Џезира го потврдува своето право да продолжи да обезбедува вести и информации за својата глобална публика, додава медиумот.

„Постојаното сузбивање на слободните медиуми од страна на Израел, што се гледа како обид за прикривање на неговите акции во Појасот Газа, е кршење на меѓународното и хуманитарното право. Директното таргетирање и убивање на новинари од страна на Израел, апсењата, заплашувањата и заканите нема да ја одвратат Ал Џезира да известува, додека повеќе од 140 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа“, се истакнува во соопштението.

Мрежата жестоко ги отфрла обвинувањата на израелските власти кои сугерираат дека ги прекршила професионалните медиумски стандарди. Повторно ја потврдува својата непоколеблива посветеност на вредностите отелотворени во Етичкиот кодекс.

„Ал Џезира ги повикува сите организации за слобода на медиумите, организациите за заштита на човековите права и другите заинтересирани организации да ги осудат повторените израелски напади врз новинарите и медиумите и да ги повикаат одговорните на одговорност. Мрежата ќе ги користи сите достапни правни канали преку меѓународните правни институции во обид да ги заштити и своите права и правата на новинарите, како и правото на јавноста на информирање. Таргетирање новинари е кривично дело“, нагласува медиумот.  (МИА)

To top