Свет Повеќе од десетина земји го суспендираа финансирањето на УНРВА

Норвешка испрати 26 милиони долари до УНРВА за неопходната помош за бегалците во Газа

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде соопшти дека неговата земја испратила 26 милиони долари до УНРВА, агенцијата на ОН која обезбедува помош за палестинските бегалци.

Норвешка испрати 26 милиони долари до УНРВА за неопходната помош за бегалците во Газа

Повеќе од десетина земји го суспендираа финансирањето на УНРВА по обвинувањето дека 12 членови од персоналот на агенцијата учествувале, на некаков начин, во нападите на Хамас на Израел на 7 октомври. Тие се отпуштени од УНРВА и се под истрага.

„Луѓето во Газа гладуваат. Здравствените служби колабираа. Покрај сите последици од војната, многумина умираат од заразни болести и недостиг на здравствена заштита. Нашата поддршка за напорите на УНРВА е поважна од кога било“, изјави норвешката министерка за меѓународен развој Ана Беат Твинереим.

To top