Свет Ужас во Дортмунд

Маж ја убил жената при расправија: Ќерката се обидела да го спречи, на злосторството сведочеле уште 3 нивни деца

Нивната најстара ќерка (21) се обидела да го спречи да го изврши делото, но и самата тешко се повредила. Лекарите првично мислеле дека нејзиниот живот е во опасност, но за среќа нејзината состојба се стабилизирала, пренесува Bild.

Маж ја убил жената при расправија: Ќерката се обидела да го спречи, на злосторството сведочеле уште 3 нивни деца

Жена е убиена при расправија со сопругот во понеделникот вечерта во Дортмунд, Германија. За убиството е осомничен нејзиниот сопруг кој и се предал на полицијата.

Според првите сознанија, таткото (47) при расправија ја убил мајката (40) на своите четири деца.

Нивната најстара ќерка (21) се обидела да го спречи да го изврши делото, но и самата тешко се повредила. Лекарите првично мислеле дека нејзиниот живот е во опасност, но за среќа состојбата и се стабилизирала, пренесува Bild.

Парот од Јордан има уште три помали деца, два сина и една ќерка (6, 11 и 12 години). Сите биле во станот во моментот на злосторството.

Околу 22 часот и 10 минути во станот пристигнала итната помош, но за жртвата веќе било доцна.

„Мажот подоцна и се предал на полицијата. Веќе е познат на законите, соопшти обвинителството.

Направена е обдукција – очекувано е потврдено дека жената била жртва на насилно дело. Обвинителот не сакаше да каже како починала жената.

To top