Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

На 05.05.2024 околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

To top