Свет покрената истрага за убиство

Човечки останки пронајдени во пластична ќеса во близина на академијата на Манчестер Јунајтед

Телото било откриено случајно во четвртокот попладне во шума во Керсал Дејл, Салфорд.

Човечки останки пронајдени во пластична ќеса во близина на академијата на Манчестер Јунајтед

Човечки останки завиткани во пластична ќеса се пронајдени на само неколку метри од тренинг академијата на Манчестер Јунајтед, а за овој случај е покрената истрага, открива британски Телеграф.

Телото било откриено случајно во четвртокот попладне во шума во Керсал Дејл, Салфорд.

Телеграф додава дека областа е блиску до објектот Клиф, каде некогаш тренирал Манчестер Јунајтед и каде сега се наоѓа академијата на клубот. Според нив, сега се е затворено. Поради состојбата на останките првично не се знаело за што точно се работи, но патологот кој бил повикан на лице место потврдил дека се работи за човек.

Портпаролот на полицијата во Манчестер изјави дека иако посмртните останки не се идентификувани, покрената е истрага за убиство.

– Сакам да ја уверам локалната заедница дека иако ова е вознемирувачко откритие, имаме големо видливо присуство во областа за да ја завршиме истрагата, да ги сослушаме сите. Ги охрабрувам сите што имаат релевантни информации да разговараат со овие службеници. Покрената е голема истрага додека работиме да откриеме што точно се случило овде. Областа е затворена за јавноста. Жртвата се уште не е идентификувана, но знаеме дека зад ова откритие стои семејство кое изгубило близок и сакаме да се погрижиме што поскоро да ги поддржиме, вели детективот Констабл Луис Хјуз, од Одделението за сериозен криминал

– Секој што мисли дека можеби видел нешто сомнително во областа Керсал Дејл во последните неколку дена, може да биде клучен за да дознаеме што се случило. Го молам секој со какви било информации што може да бидат релевантни за нашите прашања, без разлика колку е голема или мала, да стапи во контакт со нас, додава тој.

Откритието доаѓа само неколку дена откако беше покрената истрага за убиство во јужен Лондон, откако беа пронајдени човечки останки во јавниот парк во Кројдон.

To top