Скопје

Стефковски: Првото родено бебе во Гази Баба е женско, подарок 20.000 денари од општината

Стефковски: Првото родено бебе во Гази Баба е женско, подарок 20.000 денари од општината

Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.

За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во Клиниката за Гинекологија и акушерство ја посети мајката.

-Утрово на клиниката за Гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци која роди четврто женско дете.

Општина Гази Баба на мајката која го роди првото бебе во 2024 година и доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари.

Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство, напиша Стефковски.

To top