Скопје

Гази Баба доделува 10 милиони денари за поддршка на спортот

Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека е објавен е Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во општина Гази Баба за 2024 година.

Гази Баба доделува 10 милиони денари за поддршка на спортот

Општина Гази Баба преку објавен јавен оглас доделува 10.000.000 денари за финансиска поддршка на спортот во општина Гази Баба.

Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека е објавен е Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во општина Гази Баба за 2024 година.

-На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба. Јавниот повик трае до 15.02.2024 година. Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат, напиша Стефковски.

To top