Македонија Министерство за спорт

Мисајловски: Вложувањето во спортот врвен приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Спортски денар: 50 милиони евра директна поддршка за спортот, национален спортски центар „Методија Андонов Ченто“, Министерство за спорт, спорт за секое дете, се дел од проектите.

Мисајловски: Вложувањето во спортот врвен приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Помош и поддршка на спортот предвидуваат ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Платформа 1198“.

Потпретседателот на партијата и носител на листа во втората изборна единица Владо Мисајловски вели дека во програмата имаат повеќе проекти кои се во насока на поддршка на македонскиот спорт.

Спортски денар: 50 милиони евра директна поддршка за спортот, национален спортски центар „Методија Андонов Ченто“, Министерство за спорт, спорт за секое дете, се дел од проектите.

-Вечерва остваривме одлична и спортска средба со нашите државни прваци во пинг-понг, Сара и Андреј Стојановски кои се наши сограѓани од Ѓорче Петров! Сара и Андреј се врвни наши спортисти и амбасадори на Македонија!  Врвен приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вложувањето во спортот а со тоа и вложување во сопствената иднина, објави Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top