Скопје

Без вода дел од Општина Аеродром

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:25 часот, без вода ќе биде дел од улицата „Илија Димовски- Гоче“, „Ван Гог“, „Врполе“, „Михаил Глинка“, дел од „Мите Богоевски“ и дел од булевар „Србија“, во Општина Аеродром.

Без вода дел од Општина Аеродром

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект во шахта на ул. „Илија Димовски- Гоче“ 5а.

Корисниците ќе бидат без вода до завршување со санација на дефектот.

Теми на денот

To top