Скопје возете внимателно

201 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

201 сообраќајни прекршоци во Скопје

На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, 47 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

To top