Македонија ни граѓаните не би му верувале

Мицкоски: На Ковачевски не му веруваат ниту најблиските од семејството, на 8 мај очекувам убедлива победа на Силјановска Давкова и Коалицијата Твоја Македонија

„Очекувам убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, како и убедлива победа на парламентарните избори на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија“, изјави Мицкоски.

Мицкоски: На Ковачевски не му веруваат ниту најблиските од семејството, на 8 мај очекувам убедлива победа на Силјановска Давкова и Коалицијата Твоја Македонија

Жалам што во Димитар Ковачевски дури и неговото семејство нема доверба, а ја очекува довербата од граѓаните. Не знам кој е одговорен од луѓето кои ги составуваат неговите пораки, но за ваква порака не гледам потреба и мислам таа порака е погрешна, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со кажувањето на Димитар Ковачевски дека имал роднини кои биле излажани и гласале за други парти.

Мицкоски додаде како може на кој не му веруваат најблиските, да очекува да му веруваат граѓаните.

„Ако во вас и во вашето семејство не ви веруваат не гледам како граѓаните би верувале“, кажа Мицкоски.

На прашањето каков резултат очекува од изборите на 8 мај, Мицкоски вели дека очекува убедлива победа.

To top