Скопје

Без струја утре дел од корисниците во село Бардовци и ул. „Дрезденска“ во Карпош

Без струја утре дел од корисниците во село Бардовци и ул. „Дрезденска“ во Карпош

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (30 април) од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во село Бардовци во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9.30 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците од ул. „Дрезденска“ во Карпош, исто така поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

To top