Регион Брисел

Стано: Нема статус кво, продолжува работата на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во ЕУ, додаде тој, нема страв од статус кво во дијалогот, туку само од фактот дека „луѓето од Косово и Србија може да бидат изоставени од пристапниот процес“.

Стано: Нема статус кво, продолжува работата на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано изјави дека нема загриженост оти дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе дојде до статус кво и дека процесот продолжува „за да им се помогне на косовската и српската страна да почнат да се однесуваат конструктивно“.

„Работиме на тоа процесот да продолжи, помагајќи им на страните конечно да почнат да се однесуваат конструктивно, за да можат тие самите да продолжат напред“, изјави Стано за новинарите во Брисел.

Во ЕУ, додаде тој, нема страв од статус кво во дијалогот, туку само од фактот дека „луѓето од Косово и Србија може да бидат изоставени од пристапниот процес“.

Едностраните одлуки и начинот на комуникација на Приштина во последните недели, рече Стано, може да доведат до тоа Косово да биде „изоставено“.

„Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, продолжуваат да работат со партнерите во регионот, ЕУ и пошироко“, рече Стано.  (МИА)

To top