Република невреме ја зафати македонија

„КУМАНОВО НА ВОДИ“ – невремето ги поплави улиците, а делови од околните места забелеа поради градот кој паѓаше во рекордни количини (ФОТО)

Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

„КУМАНОВО НА ВОДИ“ – невремето ги поплави улиците, а делови од околните места забелеа поради градот кој паѓаше во рекордни количини (ФОТО)

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври” пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово.

To top