Регион Политички договор

Италија во Албанија ќе врати 1.950 затвореници на доиздржување на казната

Сега, посочил тој, може да започне дискусијата за да се идентификуваат оперативните решенија, кои ќе “гарантираат дека секој осуденик целосно ќе ја издржи казната, без одбитоци, според потребните гаранции”.

Италија во Албанија ќе врати 1.950 затвореници на доиздржување на казната

Во Албанија нема да доаѓаат само африкански имигранти од Италија, туку и Албанци осудени преку Јадранот за да ја доиздржат казната во својата татковина, јавија албанските, повикувајќи се на италијанските медиуми.

– Политичкиот договор е постигнат. Сега соодветните органи ќе треба да го преточат во процедури за имплементација, наведуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот министер за правда Карло Нордио и неговиот албански колега Улси Мања на средбата  во Рим, постигнале договор со кој ќе се овозможи враќање на 1950 затвореници албански државјани.

– Постигнатиот договор ќе ни овозможи да ги намалиме трошоците за одржување и да се бориме со пренатрупаноста, изјавил Андреа Остелари, италијанскиот  потсекретар за правда.

Сега, посочил тој, може да започне дискусијата за да се идентификуваат оперативните решенија, кои ќе “гарантираат дека секој осуденик целосно ќе ја издржи казната, без одбитоци, според потребните гаранции”.

Албанија потпиша договор и со Обединетото Кралство за трансфер на најмалку 200 затвореници-Албанци, кои се осудени за сторени тешки кривични дела. (МИА)

To top