Регион Дијалог

Главните преговарачи на Косово и Србија денеска на средба во Брисел

Како што соопшти прес-службата на косовската влада, во рамки на процесот на дијалог, кој се води со посредство на ЕУ, ќе се разгледа спроведувањето на Основниот договор од Брисел, постигнат на 27 февруари, Анексот за имплементација од 18 март, договорен во Охрид и планот за натамошно дејствување од 21 октомври годинава.

Главните преговарачи на Косово и Србија денеска на средба во Брисел

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими отпатува синоќа за Брисел, каде што денеска треба да се сретне со главниот преговарач на Србија, директорот на канцеларијата за Косово при српската Влада, Петар Петковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти прес-службата на косовската влада, во рамки на процесот на дијалог, кој се води со посредство на ЕУ, ќе се разгледа спроведувањето на Основниот договор од Брисел, постигнат на 27 февруари, Анексот за имплементација од 18 март, договорен во Охрид и планот за натамошно дејствување од 21 октомври годинава.

-Ова е следната средба од овој процес, по онаа (на премиерот Албин Курти) на 26 октомври со лидерите на Германија, Франција, Италија и ЕУ, на која Република Косово ги истакна своите позиции и подготвеноста за потпишување и целосна имплементација на договорите, се вели во соопштението.  (МИА)

To top