Македонија Никогаш да не се повтори ваква трагедија

Започна изградба на камбанарија на црквата на Смилковско езеро

На настанот присуствуваа градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, пратениците Жаклина Пешевска, Владо Мисајловски и Зоран Коцевски и голем број граѓани.

Започна изградба на камбанарија на црквата на Смилковско езеро

Денес се осветија темелите за изградба на камбанарија на Црквата, Св. 40 маченици изградена на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Чинот на осветување на темелите го изврши Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан кој во обраќањето пред присутните граѓани истакна: “Подобро ќе беше овој настан по ваков повод никогаш да не се случеше но се повторуваат настаните од нашата тешка историја, но за жал во време на слобода доживеавме да ни се случат нови жртви”.

Инвеститори на камбанаријата се Здружението на граѓани Св. 40 Маченици со поддршка на градоначалниците на општина Гази Баба и општина Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

Архепископот, Г.Г. Стефан истакна јавна благодарност до двајцата градоначалници за силната поддршка и во изградбата на црквата и сега во изградбата на камбанаријата.

На настанот присуствуваа градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, пратениците Жаклина Пешевска, Владо Мисајловски и Зоран Коцевски и голем број граѓани.

-Денес присуствував на осветувањето на темелите на новата камбанарија на црквата Св. 40 Маченици кај Смилковското езеро.
Сето ова е во сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.
Никогаш да не се повтори ваква трагедија.
Слава им!

Најнови вести од Македонија

To top