Македонија „Граѓаните треба да знаат“

Стојаноски: Клучот на промените лежи во големата излезност на изборите и давање на глас на ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилната политичка партија во Македонија.

Стојаноски: Клучот на промените лежи во големата излезност на изборите и давање на глас на ВМРО-ДПМНЕ

„Клучот овој пат е кај граѓаните на Република Македонија, тие треба да знаат дека клучот на промените лежи во големата излезност на изборите и давањето на нивниот глас на единствената опција која може да направи промени“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Тој продолжи и додаде дека само високата излезност и давањето глас на ВМРО-ДПМНЕ е глас за промени во општеството.

„Само излезеноста на изборите и давањето глас на ВМРО-ДПМНЕ, гледање во тоа да ВМРО-ДПМНЕ има што е можно поголем број пратеници и што е можно помала преговарачка моќ на другите партии укажува на тоа дека само така може да направиме промени во општеството“, истакна Стојаноски.

Стојаноски е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилната политичка партија во Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмотивираната најмасовната и најорганизираната политичката партија во Република Македонија и не се плаши од никого бидејќи одлуките ги носи во корелација со народот“, вели Стојаноски.

Тој потенцираше дека единствено нешто што е европско во владината коалиција се еврата.

„Граѓаните се особено мудри и гледаат дека единственото нешто што во владината коалиција нешто што е европско се само еврата и нема европски практики бидејќи се со криминална и предавничка матрица тргувајќи со националните интереси до 12 часот а од 12 часот до остаток на денот делење на тендери во четири очи. Тоа го имаат осуетено и претставниците од меѓународната заедница“, заклучи Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top