Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател за Македонија повторно горда!

„И како и во секоја битка најбитен е почетниот удар, а тој ќе се случи вечерва заедно со сите нас“.

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател за Македонија повторно горда!

Денес од 20.00 часот официјално ќе започне битката против оваа однародена и криминална власт, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

„Денес во 20.00 часот пред Владата на Република Македонија започнува кампањата за идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.

И како и во секоја битка најбитен е почетниот удар, а тој ќе се случи вечерва заедно со сите нас.

Ве поканувам масовно да започнеме со кампањата на професорката и да започнеме со една нова горда Македонија, Македонија на сите луѓе.

Се гледаме вечер“ – порача таа.

 

Најнови вести од Македонија

To top